Српскиот фудбалер Душко Тошиќ го напушта кинескиот клуб Гвангжу за кој игра од 2018 .

“Би сакал да се заблагодарам на Гвангжу и навивачите кои беа со мене во овие преубави двеипол години. Навистина уживав и засекогаш ќе ми останете во срце. Жалам што ја напуштам оваа преубава земја, но истовремено сум среќен поради новите предизвици во иднина“, порачал некогашниот фудбалер на Црвена Ѕвезда на својот Инстаграм.

Сеуште е рано за некои конкретни прогнози, со обзир какви ќе бидат потезите од управата на Ѕвезда во зимскиот преоден рок, но и во однос на “европската пролет“ и противникот во истиот.

Но, една средба која ја откриле белгратските медиуми неминовно подгреа одредени шпекулации на оваа тема.

Во еден елитен белгратски ресторан дошло до средба со генералниот и спортскиот директор на Црвена Ѕвезда, Звездан Терзуќ и Митар Мркела, со бившиот репрезентативец на Србија и бивш фудбалер на кинескиот Гвангжуа Душко Тошиќ.

Останува да се види што ќе се случува во наредниот период.