x

СОСТАВИ: Силекс со тројца во нападот по изненадување, „Македонецот“ Матиќ стартер кај Карабах

sileks-trening

Силекс со формација 4-3-3 ќе оди по успех во Баку, во наптреварот од првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Симов стартува со тројка во нападот, и тоа Ивановски и Тантуровски на крилните позиции, и Георгиев во самиот „шпиц“.

Во средниот ред ќе играат Мустафов, Серафимовски и Ристов. Одбраната ќе биде сочинета од Карчески, Драшковиќ, Гроздановски и Тимовски. На голот ќе биде Божиновски.

Кај Карабах, пак, ќе стартува „македонецот“ Урош Матиќ, брат на прославениот Немања Матиќ од Манчестер Јунајтед кој беше пред вратата на македонската репрезентација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата