x

Сосиедад продожува да „гази“ и да биде на врвот во Примера

a3edafb8aa2e19f6d21cbb20e78d0602o2

Тимот на Реал Сосиедад сезонава игра и повеќе од добро. Ова е тимот кој е вистинска сензација и по девет кола е на самиот врв на табелата. Предмалку остварена е шестата победа сезонава и тоа на домашен терен против тимот на Гранада од кочени 2:0.

Стрелци на головите беа Монреал и Ојарзабал во 22 односно 29. минута од мечот. ПОбедата можеше да биде и поубедлива но Вилиан Жозе во вториот дел промаши пенал.

Сосиедад по девет кола има дваесет бодови, треба да се одигра целото коло, за табелата да биде комплетирана но едно е сигурно дека овој клуб сезонава ќе игра сериозна улога во Шпанскиот шампионат.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата