Марија Шерифовиќ е позната како личност која е многу сурова кон околината, но најчесто изнудува прошка заради ангелскиот глас. Соседите на пејачката се поделени – едни велат дека е добра, други немаат баш најпофални зборови за неа и велат дека единствено е дружељубива кон децата.

По поплавите нејзиното место за паркирање кое се наоѓа на еден кат под нивото беше под вода. Направи толкава драма, урлаше викаше по момците од обезбедувањето како тие да се виновни што врнеше дожд, раскажала девојка од нејзиното соседството и додала дека станот во кој живее некое време Шерифовиќ не е воопшто нејзин, туку го изнајмува. Пејачката наводно свој стан имала на друга локација, но тој веќе подолго време се реновирал.