Соседите на Бенџамин Кио, внукот на Елвис Присли, тврдат дека ја слушнале неговата девојка Дајана Пинто како вреска очајно, „Не прави го тоа“ пред 27-годишното момче да си пука во градите.

Кио е прогласен за мртов во неговата вила во Калифорнија вредна 1,8 милиони американски долари.

„Дејли мејл“ пишува дека од снимката на забавата што се случувала во вилата се слуша женски глас, за кој се верува дека припаѓа на девојката на Бенџамин, како вика: „Не прави го тоа“.

Полицијата и брзата помош, според пишувањето на медиумите, дошле на местото на настанот во шест часот наутро. Соседите тврдат дека полицијата ја испрашувала видливо потресената девојка.

„Некој се слушаше како гласно зборува во дворот. Гледав надвор и ја видов неговата девојка како разговара со полицијата. Таа беше хистерична и повтори дека не може да верува во тоа. Таа само опцу и повтори: ’Не можам да верувам во тоа, не можам да верувам во тоа. Не можам да верувам дека тоа го направил. Таа додаде дека семејството ќе ја мрази и ќе ја обвинува за тоа што се случило. Мислам дека се чувствува виновна, но не сакам да претпоставувам која е причината. Тие разговараа надвор околу еден час“, рече соседот.

Поранешната девојка Алекса Роде во текот на денот се збогуваше со Кио на социјалните мрежи.

„Ти беше мојата омилена личност од моментот кога те запознав. Посакувам да можев да те зачувам засекогаш, Бен Бен“, напиша таа.

Лиза Мари Присли, единствената ќерка на Елвис Присли е скршена од тага поради смртта на нејзиниот син. Нејзината портпаролка рече во соопштението за печат дека Бенџамин бил љубовта на нејзиниот живот.

извор: Makfax