49-годишниот Тоб Бејли отсекогаш имал проблеми со соседите во врска со паркирањето. Неговите соседи ги паркираат автомобилите на патот каде што тој преминува за да влезе дома.

Иако Тоб потрошил 2.000 фунти за да постави табла со натпис дека е забрането паркирање, соседите во континуитет го игнорираа и секогаш ги оставаа колите таму. Но, кога видел дека соседите не сакаат да разберат, тој на епски начин се реши да им се одмазди. Купил најлонски кеси и целосно го покрил автомобилот кој се наоѓаше пред неговата куќата, и привремено го извадил надвор од функција.

Потрошивме околу 2.000 фунти за да поставиме знак „не паркирај “. Но, луѓето и понатаму ги оставаа автомобилите пред куќата, блокирајќи го целиот пат. Кога тоа се случува три недели по ред,  се претвора во нешто загрижувачко, рече Тоб.

Меѓу другото, тој рече дека поради тоа не можел да го извади својот автомобил од гаражата и да излезе со неговата ќерка. Пред да се реши на овој потег, Тобе напишал белешка и ја оставил на стаклото од автомобилот, но кога ситуацијата не се промени, тој одлучи да го завитка целиот автомобилот во најлонска кеса.