Џејмс Кемп, поранешен припадник на армијата во Шкотска, беше уапсен под сомнение дека испратил фотографии од неговите гениталии на малолетни лица.

За апсењето на педофилот помогнала сопругата на осомничениот, на која пристапила група која „лови педофили“ и и ги покажала контроверзните фотографии кои Кемп им ги испраќал на децата на социјалните мрежи. Несреќната жена го препозна сексуалниот орган на нејзиниот сопруг и потврди дека тоа е тој, по што му биле ставени лисици.

Имено, покрај полниот орган, таа го препознала и часовникот, кој го носел на раката.

Хејли Кемп, мајка на две деца, вели дека се ослободила откако нејзиниот сопруг бил уапсен и не може да верува дека не сфатила каква личност пуштила во нејзиниот живот.

Имено, тие се пронашле преку апликација за запознавање во февруари 2017 година, а се венчале шест месеци подоцна.

Тој не изневери мене, татко ми и мојата постара ќерка. Му верувавме – рече разочараната жена.
Таа рече дека е изненадена кога ја повикале од групата за заштита на децата и ја замолиле да ја погледне фотографијата.

На фотографијата, пантолоните беа спуштени, што ги купив за него … Часовникот, сè … – вели огорчената жена.
Нејзиниот сопруг беше осуден на една и пол година затвор, и ќе биде на списокот на регистрирани педофили.