x

Соопштение на ФИБА за одложениот квалификацискиот меч Италија-Македонија

Следејќи го Протоколот Ковид-19 за официјалните натпреварувања на ФИБА во националните тимови и клубовите и советите на нејзината медицинска комисија, ФИБА одлучи да го одложи натпреварот Италија – Северна Македонија, за квалификациите за ФИБА ЕвроБаскет 2022 што требаше да се одржи денес во Талин, Естонија.

Одлуката беше донесена откако тројца членови на делегацијата од Македонија беа позитивни на КОВИД-19, при што примарното внимание беше на здравјето и безбедноста на играчите, тренерите и службениците.

Остатокот од делегацијата е ставен во изолација.

Дополнително ќе се изврши ново тестирање на тимската делегација на Македонија за понатамошна медицинска проценка и одлуки, вклучително и можно презакажување на натпреварот за време на овој ноемвриски прозорец.

ФИБА ќе продолжи да ја следи ситуацијата со КОВИД-19 и да ги соопштува сите дополнителни ажурирања во врска со нејзините натпреварувања доколку е потребно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата