Поради сообраќајна незгода, сообраќајот на автопатот Велес – Скопје е во прекин за сите видови на возила, информира АМСМ.

Сообраќајот на патот Струмица – Радовиш, пак, се пренасочува по стариот пат во должина од 1 километар односно од Сулдурци до Калуѓерица, исто така, поради случена сообраќајна незгода.

Поради појава на магла има намалена видливост на патните правци Тетово-Скопје до 100 метри, Тетово-с.Гајре од 20 до 30 метри, Куманово-Св.Николе до 100 метри и Кичево-Охрид од 50 до 100 метри.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

извор: Makfax