На автопатот Велес – Скопје, по наплатната станица „Отовица“, 27-годишен скопјанец управувајќи товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки удрил во ограда, соопштија од полицијата.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош Д.В. е пренесен во Општа болница Велес каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

На местото на настанот, како што инфомираа од полицијата бил извршен и увид.

извор: Makfax