Уште еден автомобил се преврте денеска во Скопје. Сообраќајната несреќа се случи вечерва на булевар „Партизански одреди“ во близина на бензиската на Макпетрол.

Покрај превртениот автомобил има уште еден автомобил Фолксваген Паст, кој според информации на Вечер.мк подолг период возел пребрзо по булеварот со брзина над 150  км на час. 

Фото: Вечер.мк

Засега нема информации за повредени лица, а полиција во моментов врши увид на местото на настанот и го регулира сообраќајот.

Фото: Вечер.мк

Повеќе информации наскоро

Тешка сообраќајка среде Скопје: ПРЕВРТЕН АВТОБОБИЛ на „Климент Охридски“ (ФОТО) https://vecer.mk/node/535851

Posted by Вечер on Среда, 04 ноември 2020