Денес околу 11:00 часот автомобил „Волксваген Пасат“ удрил во четири паркирани автомобили на излез од Тетово. Автомобилите биле паркирани пред хотелот Емка, каде пасатот  изгубил контрола и се извртил при што удрил во паркираните  автомобили.

Како што дознава ТС, нема повредени, туку е причинета само материјална штета.Полицијата е на местото на настанот за да ја расчисти сообраќајката.

Извор: Тетова Сот