x

Сон сака да остане во Тотенхем до крајот на кариерата

00877921

Корејскиот интернационалец Хеунг Мин Сон го игра фудбалот на својата кариера. Тој во моментов е еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата и јасно е дека ќе има понуди од сите страни да го напушти сегашниот клуб и да замине на друго место.
Од друга страна пак, тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека новиот договор за Сон е подготвен но дека во моментов така силен дил не може да се потпише.

„Еднставно не знаеме што ќе се случува до следното лето. Ковид 19 периодот не е завршен. Јас лично сум уверен и од управата на клубот но и од самиот Сон дека тој нема намера да замиуне на некое друго место туку напротив сака да остане во Тотенхем до крајот на кариерата“ – изјави Мурињо на темата Хеунг Мин Сон.

Тој има актуелен договор до јуни 2023 година но очигледно дека Тотенхем истиот сака и да го продолжи и да го „набилда“ што се вели уште повеќе. Сон во моментов има 28 години.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата