x

Сон беше играч на мечот, но со тоа не се согласува Жозе (видео)

murinjo

Тотенхем ја запиша првата победа во Премиер лигата во второто коло, откако тимот на Жозе Мурињо ова попладне славеше на гостувањето кај Саутемптон со 5:2. Хјонг Мин Сон постигна четири гола, а Хари Кејн четири пати асистираше. А Кореецот беше прогласен за играч на натпреарот и додека даваше интервју се вмеша Жозе.

Играч на мечот е Хари Кејн“, кажа Мурињо.

Сон остана збунет и само се насмеа, а новинарот само кратко кажа „не смееме да му се налутиме на Жозе нели“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата