Времето утре ќе биде сончево и тивко. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната од 13 до 22 степени. Во Скопје, во раните претпладневни часови ќе биде магливо, а потоа сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво со слаб ветер што ќе услови по котлините да има појава на магла и ниска облачност, особено во ноќните и претпладневните часови.

извор: Makfax