Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Од изутрина и особено долж Повардарието ќе дува умерен до повремено засилен претежно северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

извор: Makfax