Времето наутро ќе биде студено. Во утринските и во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Преку денот сончево со слаб ветер од променлив правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на слаба магла, во текот на денот претежно сончево. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во сабота во текот на денот ќе има постепено зголемување на облачноста, а од недела и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

извор: Makfax