Британската полиција ги затвори патиштата околу парламентот, поради дојава дека во близина на министерството за одбрана, се наоѓа сомнителен пакет.

Полицијата излезе на лице место и ги затвори улиците, а сообраќајот го пренасочи кон плоштадот Трфалгар, пренесе Ројтерс.

На местото се забележани и инспекциски роботи за бомби, како и екипи на брза помош и пожарникари.

извор: Makfax