Компанијата „Атико метро“ соопшти дека го ископале тунелот за подземната железница во Солун.

Компанијата додаде дека проектот е 60% завршен.

– Денес е голем ден за метрото во Солун. Завршувањето на копањето на тунелот нè доведува чекор поблиску до крајот на проектот – велат од компанијата, објави АНА.

Исто така се наведува дека со завршувањето на работите околу копањето на тунелот е завршен најскапиот и во исто време технички најкомплицираниот дел од солунското метро.

извор: Makfax