x

Солскјер: Ниту Халанд тргнал за Манчестер, ниту Погба ќе го продадеме во јануари

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека Пол Погба „не се продава во јануари“ и исто така негираше дека се состанал со напаѓачот на Ред Бул Салцбург, Ерлинг Халанд денеска.

Враќањето на играчот од средниот ред Погба од повредата е повторно одложено поради вирусна инфекција, па тој нема да игра и со Ватфорд во недела.

Во меѓувреме, се појавија вести дека Халанд денеска полетал од Ставангер во Норвешка кон Манчестер со неговиот татко.

„Мислам дека тој не е на пат за овде. Не можете да летате никаде од Ставангер. Не можам да коментирам за играчи на другите тимови. Има многу шпекулации. За Погба можам да кажам дека не се продава во јануари. Се надевам дека ќе игра пред крајот на годината, но нема да го брзам. Не можам да ризикувам со никакви повреди“, изјавил Норвежанецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата