x

Солскјер не го дава Хендерсон, Де Хеа добива жестока конкуренција

henderson

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја интензивира борбата за стартното местро на голманската позиција во клубот, нудејќи му двојно зголемување на платата на Дин Хендерсон. 23-годишниот Англичанец е на чекор до нов четиригодишен договор вреден 100.000 фунти неделно, тврди „Сан“.

Минатата година тој потпиша нов договор со „црвените ѓаволи“ за плата од 60.000 фунти, а сега новиот предлог е јасен знак дека менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер сака тој да се натпреварува со Давид Де Хеа за стартното место на голот. Исто така, тоа значи дека Јунајтед ќе исплаќа вкупно 575.000 фунти неделно само за своите голмани.

Хендерсон направи одлична сезона во Шефилд Јунајтед, каде играше на позајмица. Се верува дека претставниците на голманот разговарале со раководството на Манчестер Јунајтед во последните неколку недели за нов договор.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата