x

Солскјер нема време за чекање, почнува преговори за Грилиш и Медисон

Повредите на МекТоминај и на Погба го ставаат под силен притисок менаџерот на Манчестер Ј., Оле Гунар Солскер, да почне офанзива за нови засилувања во тимот оваа зима. Иако минаа веќе три дена од преодниот рок, во Јунајтед се уште нема конкретни вести за нови засилувања.

Денешен „Индепендент“ пишува дека во базата на „црвените ѓаволи“ како приоритет се ставени имињата на офанзивниот играч за врска на Астон Вила, Џек Грилиш, како и на најдобриот фудбалер за врска во Лестер, Џејмс Медисон. Солскјер е свесен дека ќе биде тешко да се убедат нивните клубови да ги продадат, но преговори мора да има.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата