x

Солскјерн останува тренер на Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјерн ќе го предводи Манчестер Јунајтед и следната сезона, тврдат англиските медиуми. Првиот човек на клубот, Ед Вудвард, стои зад норвешкиот стручњак и ќе му даде целосна поддршка во процесот на обнова на тимот.

Вудвард одлучил да го задржи Солскјерн на клупата, а подготвил и 250 милиони фунти за нови играчи во текот на летото.

„Сакаме да ја завршиме сезоната што е можно подобро. Продолжуваме да напредуваме во обновата на тимот и да го спроведеме планот за комплетна реконструкција заедно со Оле“ – објасни Вудвард.

Норвежанецот има долг список на играчи кои ги посакува. На прво место е Јадон Санчо од Борусија Дортмунд, за кого „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат и 100 милиони фунти. Меѓу играчите кои би можеле да дојдат на Олд Трафорд се споменуваат и имињата на Џек Грелиш, Џејмс Медисон и Доминик Калверт-Левин.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата