Емоционални и хумористични пораки за последна почит беа споделени за поранешната прва дама Барбара Буш, за време на нејзината погребна служба во Тексас.

Барбара Буш беше матријарх на политичка династија во која беа вклучени двајца американски претседатели, нејзиниот сопруг Џорџ Буш и нејзиниот син Џорџ Буш, помладиот.

Меѓу 1.500 ожалостени луѓе во Епископската црква Св. Мартин во Хјустон, беа поранешни претседатели, сопственици на пицерии и историчари. На комеморацијата присуствуваше и првата дама на САД, Меланија Трамп, но без нејзиниот сопруг, претседателот Доналд Трамп.

Нејзиниот син Џеб Буш, поранешен гувернер на Флорида, се пошегува дека знае што ќе му рекла неговата пример за мајка, доколку била таму присутна, а тоа е: „Биди краток и немој да плачеш“.

Присутните споделија приказни за остриот јазик на госпоѓа Буш, жестоката посветеност на нејзиното семејство и шармантниот хумор.

Барбара Буш, која водеше кампања за писменост, почина во нејзиниот дом во вторникот, на 92-годишна возраст. Таа беше прва дама од 1989 до 1993 година. Нејзиното здравје се влоши и таа одби да продолжи со медицинскиот третман.

извор: Makfax