x

Соиграч на Горан Пандев позитивен на Ковид-19

pandev-1

Голманот на Џенова, Матија Перин е позитивен на „Ковид-19“. Тимот за кого настапува капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев бил тестиран во текот на вчерашниот ден, а само Перин е позитивен.

Оваа информацја ја потврди Роландо Маран на прес-конференцијата пред дуелот со Наполи. Чуварот на мрежата е пратен во самоизолација.

Џенова утре е гостин на Наполи на Елиф Елмас, ова ќе биде ново македонско дерби во Серија А.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата