Научниците направија вештачки материјал кој никако не може да се пресече. Ова го прави совршен за врати, катанци, но и заштитна облека.

Тим инженери го направија материјалот со инсталирање на керамички кугли во „алуминиумски сунѓер“. На тој начин, тие добија материјал што не може да биде пробиен со бушилица или да се пресече со техника на сечење со млаз вода.

Материјалот се вика „протеус“, а го добил името по грчкиот бог кој ја менува формата, затоа што материјалот се трансформира на различни начини за да се одбрани од оштетување.

Не станува збор за тврда површина што се спротивставува на надворешниот притисок, но материјалот ја превртува силата на сечењето кон самиот алат, користејќи ја за да го направи алатот неупотреблив бидејќи керамичките кугли создаваат вибрации кои се мешаат во надворешната сила.

Изгледа чудесно. Материјалот го уништува сечилото со неправилните вибрации што ги создава или го шири млазот вода”, објаснува Миранда Андерсон од британскиот универзитет во Стерлинг, која работеше на проектот.

Покрај тоа, материјалот има секундарен одбранбен механизам. Кога некој се обидува да го исече, керамичките топки се распаѓаат во уште помали фрагменти, кои се уште потешки.  

Единствениот природен материјал со кој може да се спореди протеус е дијамантот, но тој е поевтин и полесен од него, што го прави широко применлив.

Андерсон смета дека е можно масовно производство, додавајќи дека нема недостаток на метали и керамика од кои може да се направи протеус.