Некој од учесниците на аукцијата што ќе се одржи во Кина на 22 март може да се врати дома со сопствен носач на авиони од руско производство, кој пред неколку години е пренаменет во туристичка атракција и пловен забавен парк со кино и ресторани, пишуваат кинеските весници. Лицитацијата за носачот на авиони ќе почне со скромни 128 милиони јуани (околу 16 милиони долари). Бродот “Минск” од времето на Советскиот Сојуз, го купила како старо железо една кинеска компанија во 1998 година и го продала на фирма за забава, која вложила милиони долари за да го претвори во туристичка атракција. (МИА)