Од Градот Скопје велат дека реализацијата на овој објект ќе придонесе за надополнување на функционалноста на просторот, реализација на деталниот план и негово идентификување, како и атрактивност на просторот.

– Во рамките на овој проект Градот Скопје нема финансиски импликации во поглед на изградба на партерен дел – надворешни скали на дел од плоштадот Македонија од причини што инвеститорот ја презема обврската на своја сметка да ги изгради – се вели во образложението на одлуката на Советот.

На 17 август фирмата доставила барање до градската власт за право на градење.
Во образложението до Советот се објаснува дека заедно со барањето инвеститорот доставил и проектна документација, а Градот утврдил дека с’ е во согласност со урбанистичкиот план за наведената локација.