Ова е на предлог на две земји, Германија и Велика Британија.

Шефовите на дипломатија на членките на ЕУ ќе дадат необврзувачка препорака за политичката криза во Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ.

Дискусијата на министрите за надворешни работи на ЕУ за состојбата во Македонија се очекува да заврши до пладне, по што Советот за надворешни работи на ЕУ ќе излезе со став за случувањата во Македонија.