Здружението за надворешна и меѓународна политика „Совет на Амбасадори“ изразува големо задоволство Хрватска, пред неколку дена го презеде председавањетосо Европската Унија.

„Првата вест дека на мајскиот самит во Загреб иницијативата на официјален Загреб да на врвот на агендата биде опстојување и забрзување на динамиката на проширување ја примивме со голем ентузијазам. Потребата за проширување , разбирливо со нови практични предлози како една од приоритетните теми на претстојниот самит влева надеж и уверување дека земјите на ЕУ правилно ќе ја разберат оваа голема тема која за Западен Балкан е највисок приоритет“, велат од Советот на амбасадори.

Советот на амбасадори е уверен дека како и до сега Република Хрватска со досегашниот континуитет во изразување јасна поддршката за европските интеграции на Република Северна Македонија, и воопшто, поддршка за европската приказна на целиот Западен Балкан ќе биде особено значајна и затоа нашите очекувања се големи и засновани на реална основа.

Советот не се се сомнева дека Хрватска ќе вложи максимални напори во напорните консултации што претстојат , со право да се задржи вниманието врз потребата и неопходност од прширувањето на ЕУ и секако и со должно внимание и кон други особено важни прашања како што е европскиот буџет и некои други заложби на поедни земји.

Во соопштението се додава дека Советот на амбасадори е убеден оти членките на ЕУ ќе успеат да пронајдат начин за деблокирање на процесот за проширување како реална перспектива за земјите на Западен Балкан кои направија големи напори во спроведување на бројни реформи кои мора да продолжат и од кои реформи нема откажување.

извор: Makfax