Ваквите одредби се предвидени во предложените измени на Законот за јавни набавки кој денеска беше на дневен ред на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Директорот на Бирото за јавни набавки, Александар Аргировски, како повереник на Владата истакна дека со оваа измена ќе се внесе квалитет во процесот на јавните набавки и ќе се олесни работата за добавувачите во јавните набавки.

Според пратениците на владејачкото мнозинство, со предложените измени се зајакнува позицијата на Советот на јавни набавки.

Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека основната улога е да се постигне поголем степен на конкуреност во постапките за јавни набавки.

Смета дека измените произлегуваат од тоа што станува збор за диминчна област и оти треба да се уредува за да има поголема транспарентност.

Лилјана Кузмановска посочи дека до 2006 година воопшто немаше закон за регулирање на оваа област и оти по прашањето на јавните набавки треба да бидат единствени.

За единственост на политичките партии по ова прашање повика и Владанка Авировиќ од СПМ која сугерира СДСМ да поднесе амандмани и на тој начин да придонесе кон квалитетно законско решение.

Пратениците од опозицијата забележаа на честото менување на овој закон.

– Ова е 14-та измена откако е донесен во 2007 година, рече Марјанчо Николов од СДСМ и праша како со вакво често менување ќе има квалитетни јавни набавки.

Истакна дека нема да дадат поддршка на предложените законски измени, наведувајќи дека сметаат оти нема потреба од нов државен орган кој е под Владата и особено што новиот орган треба да дава согласности за јавните набавки на Владата.

Панче Орцев посочи дека честите измени не се правени за да служат на динамичноста на оваа област.

На дневен ред на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет се и Предлог-законот за изменување на Законот за Царинската тарифа во прво читање и Предлог законот за изменување на Законот за буџетите во Република Македонија поднесен од пратениците од опозицијата, кој по барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ беше ставен како трета точка на дневниот ред наместо прва како што беше предложено.