Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика војниците кои учествуваа во пучот веднаш да ги ослободат сите заробени владини службеници и да се вратат во касарната без одлагање.

Претседателот на Мали, Ибрахим Бубакар Кеита беше соборен од власт во државен удар во кој учествуваше војската.

Бунтовниците ветија дека ќе ги одржат изборите во разумен рок и започнаа разговори со истакнати политички лидери во земјата, пренесува „Ројтерс“.

извор: Makfax