x

Собранија по ОФС, Велес, Струга… денеска Битола!

ffm-zdrepka-1
Општинските фудбалски сојузи ширум државава одржуваат Собранија на локално ниво и ги консолидираат своите редови по паузата поради коронавирусот но и во пресрет на стартот на третите и општинските лиги.
Од она што го дознаваме Велес и Струга веќе ги завршиле своите Општински собранија а вечерва таков собир на фудбалските работници ќе има во Битола. ФФМ ја сочинуваат вкупно 26 Општински фудбалски сојузи од кои дел беа оспорени од државните институции со одземање на решенијата за дејност со спорт.
Сепак сите 26 ОФС имаат време да се консолидираат и да функционираат според законите затоа што следната 2021 година е изборна година во ФФМ. Ова посебно важи за ОФС Тетово каде со години има нејаснотии и турбуленции поради кои клубовите не може нормално да функционираат.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата