Делегација на Собранието, во состав Горан Милевски, Ејуп Аљими, Мери Лазарова и Никола Мицевски, утре и задутре ќе учествува на втората тркалезна маса на високо ниво во Брисел, на покана на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Исто така, собраниската делегација ќе присуствува и на пленарната седница на Европскиот парламент на која ќе се расправа по Извештајот за Република Македонија за 2018 година.

На тркалезната маса, на која се поканети и пратеници од парламентите во регионот, ќе се расправа за евроинтегративните процеси во регионот, за реализираните реформи за секоја земја поединечно, како и за билатералните прашања и добрососедските политики на Западен Балкан.

За време на посетата на Брисел, пратениците ќе остварат средби со своите колеги од регионот, како и со повеќе влијателни европратеници, меѓу кои и известувачот на Комисијата за надворешна полититика на европскиот законодавен дом, Иво Вајгел.

 

извор: Makfax