Точката за предлог-одлука за избор на директор на Оперативно-техничката агенција – ОТА на денешната Комисијата за избори и именувања беше тргната од дневен ред од причина што се уште нема договор помеѓу партиите кој да биде новиот директор на Агенцијата. На седницата беше утврден само коефициентот на платата која ќе ја зема идниот директор, а тоа е 4.

Како серозен кандидат за ова место досега се спомнува ексминистерот за внатрешни работи и поранешен директор на УБК, Силјан Аврамовски.

ОТА е независен и самостоен државен орган, кој ќе има задача да го активира сигналот и да им овозможи на овластените органи следење на комуникациите и пристап до податоците од комуникациско-информациските системи на операторите. Таа ќе ги координира операторите и службите овластени за следењето и ќе врши надзор врз операторите.

Со новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) преку која ќе се врши следењето на комуникациите ќе раководи директор што ќе го избeрe разрешува Собранието. Директорот ќе се избира преку јавен оглас, а неговиот мандат ќе трае 5 години без право на реизбор.

Покрај предлогот за директор на ОТА, Комисијата за избори и именување не достави предлог до Собранието ниту за главен државен ревизор на Државниот завод за ревизија.

Виктор Јованов

извор: Makfax