ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ја прифати измената на датумот од 24 апорил на 5 јуни 2016 година од следниве причини, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никол Груевски. Меѓународната заедница гаранира дека нема да има измени во условите за избори од следниве причини:

1. Ова ќе е единствено пролонгирање на изборите согласно договорот од Пржино.

2. До 5 јуни нема да има разно разни преговори за организрање на изборите, бидејки веруваат дека ДИК ќе има доволно време да ја заврши пречистување на Избирачкиот список

3. До 5 јуни нема да има условувања за нови измени во медиумската сфера

4. Нема да има нови проценки дали земјата е подговетна за избори согласно ЕУ и НАТО стандардите

Допонително, ДУИ стојат цврсто за одлука на избори на 5 јуни со или без СДСМ, напомена Груевски.

Државата не може да биде заложник на СДСМ. Со ова е пследна шанса на СДСМ да излезат на избори и да го погледнат народот во очи.

Нашата комрпомоис се должи на нашата верба во нашиот народ и силата која народорт ни на дава.

– Го слушнав Заев како вели дека не зависи од мене, со тоа призна дека се сите услови за избори на 5 јуни. Собери храборост и оди на избори наместо да се обиколуваш со луѓе за големиот пораз кој ве чека.- му порача Груевски на Заев.

До 5 јуни можете да глумите победници. На 5 јуни ке се срамите сами себе. Ке видите кој е празен за кој добитник.

По објавената проценка на САД и ЕУ, СДСМ единствени очеуваа дека нема ја ја донесеме одлуката која ја донеовме.

– Ќе видите што е референдум- порача Груевски!


Во Собранието е прифатена предлог одлуката за измена на одлуката распуштање на Собранието од 18 јануари 2016 година. СДСМ не гласаше.

Тоа значи дека Собранието се распушта на 7 април, а изборите ќе се одржат на 5 јуни 2016 година.

83 – ДА, воздржани нема, 3 против – Собранието изгласа избори на 5 јуни!


Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски за во 23 часот ја закажа 95-тата седница на Собранието на чиј дневен ред е одлуката за изменување на одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија.

Оваа одлука е предложена од пратениците од ДУИ и ДПА, а за иницијативата свој потпис ставила и пратеничката Лилјана Поповска.

Со одлуката се предвидува менување на членот 2 од веќе донесената одлука Парламентот да се распушти на 24 февруари и се бара тој датум да биде 7 април оваа година.

Доколку се земе предвид дека Парламентот се распушта 60 дена пред одржување на изборите, предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 5 јуни.

Пратениците од СДСМ нема да гласаат на вечерашната седница на Собранието бидејќи тие не учествуваа во донесувањето на одлуката за распуштање на парламентот. За нив избори на 5 јуни се прифатливи, но само со чист избирачки список и промени во медиумите, јавува ПЛусинфо.мк

– Известени сме дека пратениците од власта вечерва ќе ја отповикаат сопствената одлука за распуштање на парламентот и за избори на 24 април. Што се однесува до датумот 5 јуни сакам да потсетам дека ние го предложивме тој датум, но исто така нагласивме дека поважно од датумот е да се прочисти избирачкиот список и да имаме ефективен договор за медиумите. Ние ќе му дадеме шанса на процесот и ако тоа се случи тогаш изборите на 5 јуни и за нас ќе бидат прифатливи – изјави за Плусинфо извор од СДСМ.

Собраниските служби информираат дека вечерва министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ лично ги повлекле условените оставки што денеска ги поднесоа до Владата, пренесува МИА.