Целта на Законот, како што стои во образложението, е брзо и ефикасно обезбедување финансиски средства во случај на кризна состојба.

– Во случај на постоење кризна состојба, одобрените средства во постојната буџетска резерва може да се зголемат со прераспределба на средства само помеѓу министерствата и другите органи на државната управа, за што одлучува Владата, но намалувањето може да биде најмногу до 5 отсто од постојните буџетски средства на министерствата и другите органи на државната управа и притоа да не се наруши нивното редовно функционирање и вршење на утврдените законски надлежности, се наведува во законскиот текст.

Опозицијата беше против ваквото решение со образложение дека овозможува директно нарушување на уставниот поредок и навлегување на Владата во надлежностите на Собранието. Според СДСМ и НСДП, Законот воопшто не дефинира, ниту прецизира како ќе се трошат прераспределните пари во случај на кризна состојба, што отвора простор за нивна злоуотреба.

 – Никој точно не може да го предвиди размерот на кризните ситуации. Затоа се носи овој закон, за да се реагира брзо, со сите ресурси, наместо да се врши ребаланс на Буџетот што може да трае и до 30 дена, ре>е Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ.