Кумановка, вработена како благајник во локалната Итна помош е осомничена дека украла над половина милион денари наплатени од корисници на нивните услуги, соопшти МВР.

Станува збор за Е.С. (44) која ќе одговара за проневера во службата.
Истрагата на локалната полиција покажала дека две години, во 2013 и 2014 година, ги фалсификувала дневните извештаи за финансиското работење во кои внесувала помали суми пари наплатени од граѓаните.

На тој начин таа успеала да украде 517 илјади денари кои потоа ги потрошила за лични потреби.