Авио-индустријата е силно погодена од пандемијата на коронавирусот, а патниците ширум светот се соочени со откажани летови и забрани за патување, додека се обидуваат да се вратат во своите домови. Но, „благодарение“ на тоа, соборен е воздухопловниот светски рекорд.

Француската авиокомпанија „Ер Тахити Нуи“ изведе најдолг комерцијален патнички лет на 14 март, прелетувајќи 15.715 километри од Тахити во Француска Полинезија до парискиот аеродром „Шарл де Гол“.

Соборувањето на светскиот рекорд е директна последица од ограничувањето на патувањата во САД поради епидемијата на коронавирусот.

Вообичаено, патувањето на оваа рута предвидува застанување на Меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Но, бидејќи во Америка е воведена забрана за меѓународни летови, екипажот на летот ТХ064 продолжил без попатно застанување. Полетале во 15 часот по локално време од аеродромот Пепета и на 15 март стигнале во Париз во 15.30 часот по локално време.

извор: Makfax