Група граѓани се собраа пред Универзалната сала на протест против најавите за нејзино рушење.

Граѓаните испратија апел и побараа реконструкција и да не се урива Универзална, на собирот  во организација на граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“.

Повод за собирот е конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на Универзална сала.

Поддршка на иницијативата дадоа голем број музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери и менаџери.

Собирот доаѓа после најавата на градските власти за рушење на Универзана сала и претворање на просторот во отворена летна сцена. После ваквата најава следуваше бурна реакција како од граѓаните така и од естрадните уметници, речиси да не постои некој кој не се спротистави на рушење на Универзална, што го натера градоначчалникот на Град Скопје, Петре Шилегов да се премисли и да размислува за референдум за нејзината иднина.