Жестината на протестот на Жолтите елеци кој се одржува во Париз беше очекувана и не изненади никого. Една снимка посебно докажува какви тензии владеат на улиците на француската престолнина.

Камерман со гас маска се нашол во центарот на судирот на демонстрантите и жандармеријата и тоа баш во моментот кога органите на редот фрлиле големи количини на солзавец.

Снимателот во еден момент истовремено ги снимал нередите и им помагал на демонстрантите зашеметени од солзавецот.