Стотина припадници на кинеската Народна вооружена полиција (ПАП) се забележан како вежбаат на стадион во Шенжен, кинески град на границата со Хонгконг, а американскиот Стејт департмент изрази загриженост дека може да бидат испратени во тој автономен регион кој е посебна кинеска административна област за да ги задушат тамошните антивладини протести.

Сепак, западните и азиските дипломати во Хонгконг велат дека Пекинг нема волја да ги испрати ПАП или Народноослободителната армија (ПЛА) на улиците на овој град, кој е поранешна британска колонија.

Вежбите беа забележани во четвртокот на стадион во Шенжен, а известувачот на „Ројтерс“ кој се наоѓал во близина слушнал извици и свирежи.

Според извештајот, паркингот пред стадионот е исполнети со стотици воени возила, вклучувајќи камиони за воени единици, оклопни автобуси и џипови и возила со водени топови.

И кинеските државни медиуми во неколку наврати информираа за вежбите во Шенжен.

„Глобал тајмс“, националистички таблоид поврзан со Комунистичката партија, објави видео од воени возила кои влегуваат во градот.

Весникот информира дека возилата пристигнале поради вежби од големи размери, а неговиот уредник Ху Ксин на „Твитер“ напиша дека е тоа е јасна порака за демонстрантите во Хонгконг.

Неколкунеделните антивладини протести беа поттикнати од конторверзниот закон за екстрадиција на граѓани од Хонгконг кој би овозможил да им се суди во Кина, поддржувачите на протестот сметаат дека никогаш не би добиле правично судење.

Од тогаш демонстрациите се претворија во израз на незадоволство од владеењето на премиерката на Хонгконг, Кари Лeм.

извор: Makfax