Студен бран, кој би требало да донесе поголемо освежување, веќе поминал низ Словенија, по што под Триглав веќе паднал снег. На местото Кредарица под Триглав, чија надморска висина е 2.844 метри, температурата паднала на еден степен, а паднал и снег, додека во другите делови на Словенија температурите паднале на околу 15 степени. Студениот бран од Словенија во понеделникот вечерта пристигнал и во Хрватска, најпрво во западниот дел на земјата. Продорот на студената воздушна маса предизвикала намалување на температурите во внатрешноста на Хрватска, северниот и централниот дел на Јадранот. Вчера во 11 часот на западното крајбрежје на Истра се измерени 18, а во дел од централна Далмација 31 степен. Дожд и пад на температурата за денеска се очекува во Босна и Херцеговина.

За разлика од Хрватска, Словенија и БиХ кај нас метеоролозите најавуваат и натаму сончево и топло време. Единствено за денеска се очекуваат врнежи и грмежи во западниот и југозападниот дел на државата. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека до петок ќе има минимален пад на температурите за два до 3 степени. Дневната температура ќе се движи од 26 до 34 степени. Од викендов пак синоптичарите повторно најавуваат повисоки температури.