Семејството Живојиновиќ повеќе од еден месец ужива во Монако.

Лепа Брена во друштво на својот сопруг Боба Живојиновиќ по завршувањето на вонредната состојба во Србија, замина во Монако каде што веќе подолго време уживаат далеку од Белград.

Како што шпекулираа неодамна српските медиуми, наводно причина за нивното патување е купување на нова јахта.

Неодамна на патувањето им се приклучија и Виктор Живојиновиќ со неговата девојка Сандра Миљковиќ.

Потоа, во Монако пристигна и Александра Пријовиќ, сопругата на Филип Живојиновиќ.

Двете снаи на Брена, Сандра и Александра направија заедничко селфи кое го објавија на социјалните мрежи.

Нема сомнеж дека снашките на фолк ѕвездата добро се согласуваат, но и во Монако уживаат за сите пари.