Челните луѓе на Љубљана добија анонимни заканувачки писма во кои дословно стои дека ќе бидат убиени, доколку се заземат и гласаат за изградба на џамија во нивниот главен град. Потпишано е од скинхедсите “Словенечки орлиè.
Очигледно исплашени од овие закани, градските власти одлучиле да ја одложат одлуката за доделување земјиште за изградба на прва џамија во Словенија. Заканите биле испратени до сите пратеници во градското собрание.