Една од државните институции за лечење пациенти заразени од корона вирус, болницата Sir Ganga Ram со седиште во Њу Делхи, предупредила на ризик од смртонсона габична инфекција кај оние лица кои се опоравуваат или асиптоматски пациенти со ковид-19.

Досега Делхи е еден од најпогодените региони од каде пријавена оваа врста инфекција. Водечката индиска болница е загрижена поради пораст на случаи од смртоносната габична инфекција.

Спрема наводите од болницата Sir Ganga Ram, во последните 15 дена забележани се 10 случаи на мукормикоза предизвикана од корона, при што кај повеќе од половина пациенти дошло до губење на видот и пропаѓање на носот и коски на вилица. Мукормикоза е ретка габична инфекција, и воглавно ги погодува луѓе со релативно низок имунитет.

– Починале пет пациенти, инфекцијата им го зафатила мозокот – соопштиле од болницата во понеделникот.

Доктор Минуш Муњал, специјалиста за ОРЛ, вели дека иако е алармантна, инфекцијата не е нова, “ново е што короната е причина за појава на мукормикозата“.

– Сведоци сме на зачестена појава на мукормикоза предизвикана од ковид-19 со висок морбититет и морталитет која никогаш порано не е видена. Ова е шокантна и алармантна појава – додал др. Муњал.

Во еден од наведените случаи на мукормикоза предизвикана од корона, е 39. годишен бизнисмен од Делхи кој завршил со “унакажано “ лице, односно мажот имал симптоми на затнат нос на левата страна, отечени очи само два дена откако се опоравил од корона во таа болница.

Анализите покажале присуство на зголемено ниво на шеќер и инфекција, како и присуство на габата мукор.

– Со снимање на магнетна резонанца откриено е дека инфекцијата зафатила значаен дел од неговите синуси на левата страна, око, коската на горната вилица и мускулите, па дури се проширила и на мозокот – објавила болницата.

Лекарите од болницата велат дека слаб имун систем кај опоравените од корона би можел да биде можна причина за алармантната зачестеност на габична заразеност.

– Најважно е дека мора внимателно да се зголеми дозата на антимикотити на повеќе од максимална доза, недозволувајќи на внатрешните органи како што се бубрези и јетра да се соочат со оштетување – наведува др. Пракаш Шастри, втор човек на одел за интензивна нега во познатата болница.

– Херкуловски е потфат за оживување на имунолошка способност на пациентот во борба со корона вирусот – предупредува др. Шастри.