x

Смешни грешки на Силекс, за вреден триумф на Академија Пандев (ВИДЕО)

akademija-pandev-radost

Силекс – Академија Пандев 1:2 (0:2)

Гратски стадион во Кратово

Без гледачи

Главен судија: Јован Качевски Помошници: Слаѓан Маркоски, Ацо Мацевски

Стрелци:Ивановски 74 ‘(С) Трапановски 22‘, Радески 54 (АП)

Ж.картони: Костовски, Драшковиќ, Карчески, Ѓуриќ (С) Димов, Стоилов, Пандев, РАдески, Крстовски (АП)

Играч на натпревар: Марјан Радески (АП)

Силекс. Трајковски, Драшковиќ, Грозданоски (Благојевиќ 84‘), Ивановски, Костовски (Додевски 46‘), Серафимовски, Мустафов (Жеравица 56‘), Ристов (Неповски 62‘), Костовски (Ѓуриќ 46‘), Карчески, Тантуровски

А.Пандев: Купанов, Јованов, Димов, Илиев, Стоилов, Миловановиќ (Крстовски 62‘), Велиновски, Радески, Димоски, Серафимов, Трапановски (Пандев 68‘)

Очајните грешки на тимот на Силекс во одбраната беа причина за денешниот пораз на кратовци на домашен терен против Академија Пандев од 2:1 во последното есенско коло од овогодинешниот шампионат.

Во меч во кој Силекс едноставно мораше да победи, потесната одбрана не еднаш туку два пати катастрофално реагираше па дозволи Трапановски во првиот односно радески во вториот дел да дојат до погодоци, по што на домашниот тим му беше многу тешко да се врати во игра.

Иван Ивановски намали во финишот на мечот но тоа не беше доволно со позитивен начин да го заврши овој есенски дел, додека пак Академија Пандев полека но сигурно се „вади“ од резултатската и пред се играчка „дупка“ во која е влезена цела полусезона.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата