Сменети директори
Македонската банка за поддршка на развојот деновиве доби нови директори. “Вечер” дознава дека првиот генерален директор Воислав Бислимовски е сменет, а на негово место е назначен Драган Мартиновски, кој и пред неколку години ја извршуваше оваа функција. Сменета е и Сабина Факиќ, втор генерален директор, а на нејзино место е избран Кенан Идризи, кадар од банката од Тетово.
Нашите извори велат дека смените во банката не се направени поради лоши резултати, туку заради кадровско освежување. Бислимовски и Факиќ остануваат и натаму во Банката на нови позиции кои ќе им бидат понудени деновиве.
(В.М.Б.)