Градоначалникот на Скопје се пофали дека со по 500 евра биле казнети несовесни таксисти и на Фејсбук ги објави казните со име, презиме и матичен број на казнетите.

„Изречени казни по 500 евра на несовесните таксисти. Такси станицата кај Сити мол мора да се почитува. Ред мора да има !!!“ напиша Петре Шилегов.

Меѓу реакциите на објавата – дека казните се превисоки или дека се добредојдени – има и такви кои го предупредуваат градоначалникот дека објавувањето на лични податоци е спротивно на законот.