Како “се работи” во ОБ “Борка Талески” Прилеп. Како функционираат работите.

Од времиња знаеме дека ако си партиско војниче, и лепач на плакати, ќе добиеш нешто, та и од едните, та и од другите, ама ич не е битно дал си способен. Имаше едно видео пред некоја година, за кадарот што е вработен, и како е вработен таму, да цитирам “не дека сте способни”. Па човек ко човек, ќе си речеш чекај и јас да пробам од оваа благодет, може ќе ми успее во нешто. Ќе сркнам и јас од медот, што би рекле стари.

Но штета живееме во систем кој постојано се служи со закани и влева страв. Демек ако те вработам јас партиски, ти довека ќе ми си мене должен. Само што реалноста е сосем спротивна, ако не ти ја донесев јас таа фотеља, во која удобно си сместен како амеба да не речам, ќе седнеше некоја друга амеба. Изгледа овде некој не сфаќа кој кому што носи.

Нејсе, ме вработија и мене во ОБ “Борка Талески” Прилеп, чунки да видам и јас од благодетта, да сркнам од медот. Сркнав многу добро, еве уште ми стои грутка на грлово. Животкарам таму еве веќе некое време, затоа што кој не влегол да види, да работи, и со какви луѓе пред се има работа, кои истовремено ти се колеги/шки, не знае.

Мислев синки одам да работам со интелектуалци, луѓе со диплома, школо и слично. Видиш, не било тоа мерка за интелект.

Сестри/Доктори кои се подсмеваат на пациенти, зашто земале терапија препишана од психијатар. Па кај го има човече тоа, во кој свет нормален, во која земја. Да си здравствен работник, а да се смееш на луѓе кои ти дошле да им помогнеш/лекуваш. Каде Ви е заклетвата, каде Ви е изјавата за тајност, и пред се каде Ви е совеста?! Да ве прашам дали би му се смееле на човек што е болен од канцер, истото е и со психијатриската болест, он сам не ја побарал. Болест е и тоа, туку клетките толку функционираат што ќе сфатат.

Жалосно е таков кадар да работи во здравствена институција. Установа во која пациентите не се гледани како пациенти, туку како бројки, дијагнози, и пред се низ призма на пари, е тоа највеќе.

Е веќе смрди, ви смрди на трулеж таа Ваша драга “Институција”. Во која мислите дека ако сте вработени, дека сте некаков фактор, е ај да не речам дека ги држите од петелот ташаците (опростите на изразот), патите од некој комплекс дека сте нешто.

Жално е, единствена утеха да ти биде вработување на државно, јер ќе бидеш кредитоспособен.

Епа затоа драги “Возвишени”, кои нон-стоп повторувате како било пред триесет години, кога вие сте се вработиле. Сфатете дека не сме веќе 1989, туку 2019, и дека сега слободно може да земете, и да направите неколку калапчиња во форма на човек (машка и женска фигура), и кога ќе ви заврне надвор, излезете, и од калта направете си персонал. Затоа што не ви остана веќе никој кој може да ви ги трпи фрустрациите, и комплексите, за да истите ги лечите на други.

Не да се подсмевате на оние кои земаат терапија од психијатар, мој совет Ви е посетете го. 21ви век сме, не е ниту грешно, ниту срамно, а воопшто па смешно.

Ниту пак е некој должен да ви ги трпи фалбите, што сте постигнале, се изразив погоро туку нејсе… Тука најмногу смрди. Јавна тајна е, кој како и, што постигнува во таква институција, затоа што сте како црева преплетени. Не се знае кој со кого на “оро игра.

За да ви доловам, за пример ќе ја земам онаа серијата турската со султанот” Сулејман Величанствени”, или да ви го парафразирам покојни Џумерко” вчера ти беше долу, денеска сум јас горе”. Е така оделе работите, оти ако си немал “мецена”, џаба ти било се.

Тебе ма не да те бива, нека те бива и за астрофизика, или нуклеарна физика, никогаш нема да напредуваш, ако не се служиш со единствениот начин кој носи напредок. Јавна тајна е, пак ќе повторам, ама ако не знаеш да се швалерисуваш, заборави унапредување.

Па ако не си од таков ков, ќе ти се згади и алергија ќе те фаќа од унапредување.

Ќе р’мбаш како за двајца, од кои едната е уморна од цел ден кафе-пиење, и рекла-казала муабетење. Пак оти “мецената” тоа го дозволил. Пациентите, ма какви пациенти, сега му паднало на памет ним да идат. “Види ја се прпела онде, глуми, не и е страм, од што ја мрзи дома да работи дошла сега тука”. Додуша според нив поќе варијанти се зошто иделе пациенти, ете една од причините погоре, друга да ти била оти неќела свекрвата да ја гледа, или мажот. Wow вавкви дијагностичари па нема никаде во светов. Да им позајмиме на Америне, да видат и они аир некаков од нас, од кај иделе болестите.

Каде сме луѓе, знаете ли каде сме? Знаете ли кој не лекува, во кое здравство се крстиме?

Па поарно парите што ќе ги дадеш за на лекар, дај ги во црква/џамија, побрзо ќе оздравиш.

Сиот кадар способен што го имавме ни замина. А допрва други заминуваат и ќе заминуваат. Јер тие знаеле како се иде напред во животот, дека ако не си швалер/ка на директорот, градоначалникот, министерот или не знам некаков си “функционер”, нема да бидеш ништо.

Ќе си тапкаш у место, ма колку и да си способен/на, зборот твој ќе биде што би рекле стари “канти тропаат”, пет пари нема да вреди. Ама ако имаш горенаведен “мецена”, е тогааш ќе бидеш “Хурем Султан”. Оти институцијава ви е као харемот на Величанствени, туку ако проговориш вака можи и главата да ти летне.

Е сеа веќе јавната тајна, стана јавно нешто. Па што да се крие коа сите знаат.

Доста го пикаме ѓубрето под тепих, нема да не биде, веќе се затрупавме во истото. А дека некој ќе не извади, па да не се лажеме, виц е тоа. Да ја погледнеме реалноста во очи, колку и да е болна. Така се решаваат проблемите. А кога Вие драги, што ќе го прочитате ова и заборавите на стравот макар и на еден ден, и сфатите дека моќта е во вашите раце, моите, на комшијата. Е тек тогаш ќе постои мала надеж дека ќе не биде.

Единката, еден човек не може ништо да промени, затоа што заедно, без разлика на националност, вера, партиска припадност, можеме многу. Никој друг не може да ги влече конците на вашиот живот.

На овој народ му е потребно едно добро колективно будење на свеста!!!

Еве ова нема биде мал повик на тоа.

(Писмо од читател, Викторија В.)